Имате потреба од тонер касета ?

 

Најзастапените модели на HP, Canon, Epson, Samsung, Xerox само кај нас

 

Во време на масовно поефтинување на ласерските принтери на пазарот, се појавува се поголема потреба за квалитетна рециклажа на тонер касети од едноставна причина што цената на оригиналната тонер касета некогаш може да е повисока и од цената на самиот принтер. Производителите на ласерски принтери ја намалуваат цената на својот производ (принтер) со што би ја зголемиле продажбата на истите на штета на купувачите, затоа што со купување на нов принтер добивате само делумно полна тонер касета (зависи од самиот производител), сметајќи дека вистинската заработка ќе ја остварат подоцна преку продажба на нови тонер касети.

Значи Вие сте принудени по принтање на одреден број на страни со стартната тонер касета , веднаш да купувате нова тонер касета.

Ние Ви советуваме тука да размислите малку. Дали да купувате нова тонер касета и да ја платите поскапо и од самиот принтер , или да ја донесете на рециклирање кај нас и да имате повеќекратна корист.

- Заштеда на пари од 50-60%. Цената на рециклираната тонер касета е и до 50-60% поефтина од набавка на нова тонер касета (зависи од моделот на принтерот).

- Гаранција на задоволство. Ние гарантираме дека рециклираната тонер касета квалитетно ќе го испечати пропишаниот број на страни (зависи од моделот на принтерот) без грешка. Во спротивно Вие ќе добиете нова тонер касета бесплатно, без оглед на тоа колку страни имате испечатено со претходната.

- Заштеда на време. Со нас, Вашите проблеми околу набавка на тонер касети се решени, затоа што ние превземаме одговорност за достава и подигање на потрошените тонер касети (важи за правни лица со кои имаме склучено договор).

- Откуп на искористени тонер касети. До колку имате истрошени тонер касети, а Ви завземаат простор, ние со одреден паричен надоместок или со намалување на цената на нашата услуга спрема Вас, истите ги откупуваме.

Позитивни аспекти на рециклажата:

Секако заштедата на пари. Со рециклажа на тонер касетата може да се добие и до 4 пати поефтин отпечаток, што со оглед на цената на новите тонер касети не е занемарлива ставка. Кај најефтините, комерцијални модели, цената на новата оригинална тонер касета често знае да ја помине цената и на самиот принтер, па за економската логика на рециклажата не треба многу да се трошат зборови.

Рециклираните тонер касети кај нас имаат гаранција за исправна работа и квалитетно печатење до самиот крај.

Негативни аспекти на рециклажата:

Знаеме дека виталните делови на тонер касетата со тек на време се трошат, па постои можност во тек на потешка експлоатација на истата да дојде до видлив пад на квалитетот на самиот отпечаток. Кај сопствениците на ласерски принтери кои се сеуште под гаранција аргумент против рециклажа може да биде и тоа дека продавачот нема да им ја уважи гаранцијата на принтерот, доколку не користат оригинални тонер касети. Опасноста дека рециклираната тонер касета може да го оштети принтерот е апсурдна и тоа oбично е аргумент кој го кажуваат овластените сервиси на принтери , но тоа е фактор кој може да влијае на корисниците при определувањето дали да купат оригинална или рециклирана тонер касета.

ШТО Е РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ТОНЕР КАСЕТА ?

Рециклажа, (репарација, реновација, регенерација) е термин кој означува комплексен технолошки процес низ кој поминуваат сите составни делови на една тонер касета, а кој има за цел празната тонер касета да ја доведе повторно во функционална состојба и како истата би можела повторно да се користи во процесот на печатење. Ние на кратко би го опишале истиот: - Визуелна детекција на исправноста на тонер касетата.

- Тестирање на тонер касетата во принтер.

- Расклопување на тонер касетата на нејзините составни делови.

- Детално чистење на деловите од останатиот тонер и третирање на истите со наменски средства. - Доколку некој од деловите е амортизиран се врши негова замена.

- Чистење на отпадниот тонер од резервоарот на тонер единицата.

- Полнење на резервоарот со висококвалитетна тонер прашина.

- Составување на тонер касетата.

- Преелиминарен тест на исправноста на тонер касетата.

- Тестирање на тонер касетата во соодветен принтер.

- Заведување на тонер касетата во нашата архива под сериски број.

- Пакување во кутија и испорака на клиентот.

 

ЦЕНОВНИК ЗА ПОЛНЕЊЕ

 




 
Најнови понуди и попусти директно на вашиот e-mail
   

Најавување



 

 


Купувачка кошничка

Вашата кошничка е празна!

Корисничка поддршка


LiveZilla Live Help
Нарачајте и информирајте се тука!

Дилери



LG Electronics MSI HP Canon Delux Labtec Cooler Master ASUS Spire Logitech Nikon Fujitsu Siemens
Xbox Playstation 3 Nintendo Wii Nintendo DS Vivax EPSON Sony Kingston Western Digital Genius Edimax Lexmark

© 2010 River Soft Computers Контакт инфо Webmaster