Увидувајќи дека постои голема потреба од страна на менаџментот, вработените и
партнерите за едно бизнис софтверско решение, пет поранешни IBM инженери во 1972
година ја основаат SAP - водечката софтверска компанија која во светот има над
1500 партнери во повеќе од 50 земји, 12 милиони корисници со над 70 илјади
инсталации. SAP нуди работна платформа која ја подобрува ефикасноста во
работењето, овозможува оптимално користење на информациските ресурси на
компаниите и создава силни релации со клиентите. SAP софтверските решенија се
развиваат на SAP NetWeaver технолошката платформа, така да можат да се
интегрираат со секој систем. Поддржуваат бази на податоци, апликации, оперативни
системи и хардвер од скоро сите произведувачи. Преведен на над 30 јазици, SAP
развива 23 специфични софтверски решенија кои се направени според стандардите на
23 различни гранки на економијата.
Зошто SAP?
Придобивките од воведувањето SAP во голема мерка се забележуваат во ефекти кои
тешко се квалификуваат. Пред сè, се работи за пораст на нивото на знаење на
вработените за своите активности, но и поврзаноста со останатите работи во
компанијата, така што се олеснува работата и следењето на сопствените резултати
и директно придонесува за подобра работна мотивација. Овозможена е далеку
поефикасна контрола на вкупниот работен процес од страна на менаџментот, како и
оптимизација на производните и работните ресурси. Исто така, оптималното
планирање на производството и продажбата влијае на огромната заштеда во време и
зголемување на конкурентноста. Покрај вклучувањето во светот и новата пазарна
економија, она што е посебно важно да се истакне е фактот дека вредноста на
компанијата на пазарот на акции расте во моментот на одлуката за влез во SAP.
Врз основа на искуството од другите земји кои веќе одамна го имаат поминато
периодот на транзиција, меѓу главните причини за инвестирање во стандардните SAP
работни решенија кои ги означуваат директорите на компаниите во овие земји, се
вбројуваат следниве: поддршка во трансформацијата на компанијата, оптимизацијата
на структурата на средствата и изворите на финансирање, зголемувањето на
квалитетот и достапноста на информациите, поддршката во одлучувањето. Во важните
причини исто така треба да се набројат и намалувањето на трошоците и
зголемувањето на продуктивноста со зголемувањето на продажбата, намалувањето и
подоброто управување со залихите, намалувањето на шкартот, намалувањето на
транспортните трошкови, попрецизни финансиски прогнози, брзо реагирање на
барањата на потрошувачите, подобро разбирање на потребите на потрошувачите и
слично.
Зошто Ривер Софт Компјутери?
Ривер Софт Компјутери како авторизиран партнер и консултантска куќа за SAP,
Kofax, Computer Associates и Microsoft решенија, посветен е на пружање услуги во
IT областа и обезбедување решенија кои се базираат на технологијата која
овозможува решавање на најактуелните работни проблеми на денешницата во клучните
области на работењето: следење на работните односи со клиентите и апликациите за
финансиски менаџмент. Од 1999 година, Ривер Софт го следат успеси на полето на
дизајнот, развивањето и примената на високо квалитетни, доверливи, сигурни и
флексибилни работни системи.
|